Протест пред Влада на повеќе синдикати под мотото „За ред, за правда, за дисциплина“

Повеќе од десет синдикални организации го кренаа гласот против лошиот и како што велат, неправедниот третман од државата кон правата на работникот. Протестот беше одржан под мотото „За ред, за правда, за дисциплина“, поддржан од неколку стотици граѓани кои се разочарани од актуелната власт.

Од Синдикатот на полицијата велат дека се крајно разочарани од притисокот кон полицајците, незаконските распределувања, недовлниот број на униформи. Велат дека ова бил само предупредувачки протест.

На улица излегоа и синдикатите за здравство, образование, за јавната администрација, професионалните војници, од Конфедерација на слободни синикати, сите разочарани од како што велат, катастофалниот третман кон нив, и партизирањето на институциите.

Имаме колективен договор, што четири години е со поминат рок на траење, договор со кој вработените немаат никакви права и правата што се во договорот не се почитуваат, велат од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

Истакнаа дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ја пренесува вистинската слика во јавноста и потребно е да се слушне и мислењето на вработените во полицијата.

  • Едно од приоритетните барања е зголемување на платите. Само полициските плати се замрзнати, нема додаток за борба со коронавирусот. Покрај здравствените работници и полициските работници се во првите редови на пандемијата, велат тие, и додаваат дека со укинување на синдикалната чланарина на членовите, Синдикатот на полицијата не може да си ја врши работата.

Протестот беше и повеќе од масовен. Колони со возила имаше од камениот мост, па се до Владата. Дојдоа граѓани од повеќе градови од Македонија.  

Синдикалците најавија дека ќе достават писмени барања до Владата и премиерот каде ќе ги наведат нивните барања, и очекуваат да бидат сериозно сфатени.

Инаку, протестот на дел од Синдикатите започна пред канцелариите на Европска унија и заврши пред владата, од каде го изразија нивниот роволт.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста