Протест на земјоделците од Светиниколско

Со трактори дефилирајки низ центарот на Свети НИколе, земјоделците од Мустафино и Ерџелија го кренаа својот глас против новиот раководител на подрачната единица на Водостопанство. Тврдат дека речиси месец дена не им пушта вода за наводнување поради што родот на нивите целосно им е уништен. Од министерот побараа веднаш да го разреши и наместо Струмичанец, на ова раководно место да се постави човек од Свети Николе. Дадоа рок до понеделник, во спротивно најавија блокирање на патот Свети Николе- Велес.

– Уште до вечер , најдоцна до утре водата да се пуште. ДА дојде и да се договори со нас колку вода има и колку ќе ни пушти. Месец дена како е тој овде ние немаме вода во Мустафино-изјави земјоделец од Ерџелија

– Ние сме со земјоделски фирми.Во село Мустафино има 115фирми,13години плаќаме придоеси.Живеме од тоа-изјави земјоделец од Мустафино.

Состојбата е алрмантна, а земјоделците допрва ќе ги бројат шетите. Сушата целосно им ги изгоре површините посеани под пченка, детелина, бостан. Во паника се бидејки не знаат како ќе ги подмират давачките кон државата.

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста