Протест на техничкиот персонал во Душевната болнива во Демир Хисар

Трисет и четири лица од разни профили, времено вработени во Душевната болница во Демир Хисар, од вчера започнаа да протестираат бидејќи на крајот од минатата година им истекоа договорите за работа. Два месеца работат на црно и од менаџментот на болницата постојано им ветуваат дека овој проблем ќе се реши, па дури и дека ќе добијат решенија за траен работен однос. Меѓутоа, откако сфатија дека ги лажат, се решија на овој чекор, па спремни се да одат и пред Владата. Тие покрај 22о редовно вработени, како технички персонал ги вршат најтешките работи, а денеска добија поддршка и од Независниот синдикат на Болницата.

– Работиме и со психички заболени луѓе, работиме и со печеснаесет заболени од ковид, значи потребни се- болничари, хигиеничари, бербери и фризери. Занчи, пациентите се крајно незадоволни, а ние уште повеќе- рече Ната Велевска.- без нив болницата секако нможе да функционира, нема кој да ги чисти одделенијата. Моето геријатриско одделение со 30 пациенти од кои 20 се во постела трба да се исчисти па да влези персоначлот да ги изврши своите задачи- рече болничарот Јордан Станковски, претседател на независнио синдикат на Болницата.

Дека во Душевната болница работите не се розови, потврди првиот синдикалец, кој рече дека с`е уште ја немаат земено јануарската плата, ниту паушалните надоместоци за работа во ковид- центрите. Но, како ќе заврши оваа сага со судбината на луѓето што останаа без статус, допрва ќе се види. Од Министерството за здравство велат дека сите формалности кај нив се завршени и сега процедурите треба да се финализираат во ресорот финансии. Новоизбраниот директор кој што туку седна на директорската фотелја и кој постојано им ветува с`е и сешто, денеска со новинарите ниту сакаше средба, ниту да даде изјава.

Кога малку повеќе би знаеле министерот за здравство Филипче и неговите менаџери што с`е се случува тука во Душевната болница во Демир Хисар и овие луѓе што протестираат и бараат да им се реши статусот, сигурно длабоко би се замислиле бидејќи овде се извршуваат најтешките работи, со најтешките пациенти во Државата.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста