Протест на Синцикатите: Како за 30 години работникот е доведен до овој степен?

Наместо достоинствен живот каков што ни доликува, ние и по 30 години живееме во мизерија, без ниту една функционална институција, велат синдикалните организации кои продефилираа низ главниот град на 30-годишнината од независноста на државата. Според говорниците, Македонија и натаму се дави во корупција, а работникот е ставен на последно место и нема никави привилегии.

Не можам да сфатам како и после 30 години работникот е доведен до овој степен, омаловажен, не вреднуван, и понижен, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Тие едногласно побараа редовна исплата на плати, К-15, и достоинствени услови за работа.

  • Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Праќаме порака како и од последниот протест од 8 мај кога бевме примени од советникот на премиерот, но за жал од таа средба нашите барања останаа нерешени. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, рече за Алфа Марјан Ристески.

Врие и во Синсикатот на полицијата. Од таму се заканија дека наскоро ќе постават и шатори пред Владата, зашто имало огромно незадоволство кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција.

  • Преку Алфа ТВ, сакам јасно да кажам дека ова вака веќе не може. Ќе поставиме шатори, како што поставија и од шарената револуција, кои се изборија за своето. Независниот синдикатна полицијата и Конфередерацијата на синдикални организации денеска протестираме на 30-годишнината од независноста на државата за да укажат на состојбата на работникот, ова е ужасно, вели за Алфа Гоце Делчев Тодев, од Полицискиот синдикат.

Со еден куп проблеми се соочуваат и образовните и административните работници, кои побараа сериозен слух од државата.

Доколу синдикатите бидат игнорирани се заканија дека ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие. Инаку, протестите започнаа со автомобили од центарот на Скопје, и завршија пред Владата, од каде ги искажаа овие барања.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста