Протест на пелагониските сточари

                Трошоците за млекопроизводство постојано растат, но растат и цените на кисело- млечните производи. Само откупната цена на млекото со години е иста, од 16 до 21 денар, во зависност кој какви привилегии и врски има. Покрај сето ова, власта нема слух, и с`е уште не ги плаќа субвенциите за 2019 година. Ова денеска го рекоа пелагониските сточари, кои покрај новачкиот пат, излегоа на четвртиот протест, барајќи ги ветените пари за субвенции што законски  им следуваат.

  • Денес тука сме собрани да му кажеме на министерот, на Владата, на старо- новиот заменик, дека ние како сточари немаме земено цела 2019 година, еве ќе заврши и 2020 година, плус не знаеме дали месеците со короната за кои тие велеа дека ќе ги пријават млекарите, а имаме информација дека не се пријавени, бараме да ни се исплати цела 2019, пола 2020 и субвенциите по грло з агодинава- рече Борче Бучински, сточар од с. Могила.

На протстот можеа да се чујат разни проблеми, но и многу песимизам на тукашните фармери околу нивната натамошна судбина.

  • Сточаљрството во Македонија се уништува и немаме излез, ниту сила, а нашите деца не сакаат повеќе да работа. Еве ќе кажам дека премиерот Заев е од с. Муртино и тој како земјоделец, како од огрништето на селото, еднаш не дојде да каже дека ние сега ќе му поможиме на селанецот- рече фармерот.Гоце Кантаровски.-  Власта наместо да помогне, таа ги зголемува трошоците,  “шарен јазик“, “син јазик` и само дополнителни давачки, а кај нас тоа го нема. Струјата исто, а ако не е таа струја, како ќе ги одржуваме кравите? Од молзење, од с`е, па за нас не остануваат ниту лепешките- рече фармерот Иљо Огненовски.

Дека разочараноста има основа, потврдува и фактот што огромен број сточари во Пелагонија ги затворија своите фарми, а како што велат, само во Могила до не така дамна над 300 куќи сточареле, а сега останаа уште триесет фамилии. Тие денеска поставија ултиматум за исплата на субвенциите од седум дена, а во спротивно, рекоа дека ќе следат радикални мерки од сите сточари во државата. Од Подрачната едница за земјоделие, велат дека субвенциите за 2019 година ќе се исплатат по ребалансот на Буџетот, додека субвенциите за оваа година ќе се исплаќаат во 2021 година.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста