Протест на независниот синдикат на полицијата
Итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик, се дел од барањата на Независниот синдикат на полицијата. Тие денеска протестираа во Штип. Велат, излегуваат на улица, бидејќи повеќе не се чувствуваат безбедно. Бараат да им се зголемат овластувањата, а казната за напад врз службено лице да се зголеми на минимум 5 години..
“Овој синдикат е препознатлив по улиците кои ни се единствено место од каде ги бараме на нашите права,бидејќи осум години жолтиот синдикат кој е врзан со министерот и со власта е слеп послушник и ги слуша насоките на власта. На тој начин им се нанесува лошо и на полицајците и на државата, изјави Гоце Делчев-Тодев, претседател на независниот синдикат.
Поддршка добија и од Синдикатот на затворската полиција, од каде велат дека со секое одење на работа, стравуваат за сопствениот живот. Се поголем е бројот на затворски полицајци кои ја напуштаат професијата и заминуваат да работат во маркети, објаснуваат од синдикатот
“Има се закануваат на колеги, на нивните фамилии, на деца. Во моментот состојбата на полицајците е многу лоша. Имаме ниски плати, а ризична професија. Работиме со осуденици кои се и доживотно“ изјавиТихомир Ивков-Синдикат на затворска полиција.
Освен Штип, вакви протести во текот на наредниот период ќе бидат организирани во Струмица и Куманово.
Александра Ристевска