Протест на наставници во Струга

Неисплатениот надоместок за прекувремена работа ги извади на протест пред општинската зграда наставниците од струшкото основното училиште “ Браќа Миладиновци”. Станува збор за 33 наставници кои од почеток на учебната 2020/21 наставата за 500 ученици ја одржуваат со физичко присуство во две,односни три смени од 7.30 до 15.30 ч.

Изјава Ирена Петреска-наставник: И за тоа на просветните работници треба законски да им се исплати финансиски надоместок за прекувремено работење,практика која што веќе се имплементира во повеќе образовни институции во државата по препорака на министерката за образование, Мила Цароска.

“Во време на пандемија кога сите луѓе стравуваат за својот живот и здравје просветниците работници во оваа образовна институција се соочуваат со занемарени барања.Нашето училиште и Општината Струга одбиваат да го исполнат ова наше легитимно право загарантирани со законот за работни односи”-велат наставниците.

Ништо против не сме,си ги бараме нашите права, бараме да ни се исплати тоа што работиме повеќе.Секој знае се’ да зборува,само во пандемија да се работи со деца е многу тешко – вели наставникот Виљдан Демиши.

Наспроти наставниците кои тврдат дека во 4 наврати преку допис побарале да им се исплатат сретствата,од општина Струга велат дека постапувале единствени по упатства на министерството за образование,во чија надлежност е оваа проблематика.Дополнуваат дека за оваа намена до сега не добиле пари од ресоното министерство.

 ”Исплатата на прекувремените часови е законска обврска, предвидена во Законот за работни односи.Министерството за образование и наука уште во месец октомври испрати писмо до сите училишта дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што обезбедени се и блок дотации за општините”-се вели со соопштението од министерството за образование.

И додека општина Струга и ресорното министерство се препукуваат, префрлајќи си ја одговорноста едни на други, наставниците се решителни, велат ќе ги искоростиме сите правни можности кои ни стојат на располагање се додека не ги добиеме овие пари.Истата мака ја делат уште 4 наставнички од основоното училиште “Јосип Броз Тито” исто така во Струга.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста