Протест на административците – се бараат повисоки плати, подобри услови за работа

Протест на административците – се бараат повисоки плати, подобри услови за работа

На администрацијата и дојде преку глава.  Незадоволството кулминираше и вработените од речиси цела јавна администрација излегоа на улица . Пратениците да се надминат себе си и да изгласаат буџет кој ќе гарантира зголемување на платите, никој не зема просечна плата, парите на студентите и ранливите категории ги земаат функционерите – им порачаа од пред собранието илјадници административци на пратениците

Она што максимално го крена револтот е изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека вработените во судската администрација и здравствените работници не ги даваат потребните услуги за граѓаните.  Административците дојдоа пред Влада  за да порачаат дека ваквата изјава е срамна и треба тие да си ги скратат платите , а не да удираат по грбот на службениците

Додатоците на плата ги бара и администрацијата на судски совет. Не можат да си ги земат оти парите наменети за нив одат за повисоките плати на судиите.  Ако нема договор , тие ќе стапат во генерален штрајк.

И покрај тоа што сите се на улица, Владата порачува дека легитимно било да се протестира. Тренчевска уверува дека платите биле зголемени и за 100 отсто .  Министерката се повикува а колективниот договор, и по се изгледа нова методологија за поголеми плати административците ќе имаат дури во 2025 . Тие пак не попуштаат и кажаа дека нема да се тргнат од улица се дури не им се исполнат барањата.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста