Просветните работници пред предизвил – работното место е поинакво, но учењето продолжува

Импровизации, постојано барање на разни начини и методи преку дигиталните алатки – како да се продолжи воспитно – образовниот процес. Со овој предизвик се соочуваат просветните работници во земјава. Соња Трифуновска е одделенски наставник од Тетово, на 12 ученици. Само работното место е поинакво – од дома, но учењето вели мора да продолжи, особено кога имате второоделенци, на кои целата ситуација и не им е баш јасна, но никако не смеат да ги загубат работните навики за учење. Преку видео лекции, квизови, презентации и на разни други начини по кои постојано трага, се обидува да биде во контакт со учениците.

Целата ситуација ќе остави некоја празнина во образовниот процес, смета Труфуновска, која веројатно вели, ќе се пополнува следната година. Најголем проблем во моментов е немањето пристап до интернет на бројни семејства, односно отсуство на можност за вклучување во е-настава.

Иако наставниците се дома,трудот кој сега го вложуваат, е дупло поголем, вели оваа наставничка. Горда на својата професија, се надева дека можеби целата оваа ситуација, ќе влијае на тоа-конечно, нивната работа многу повеќе да се цени и почитува.

Милена Вучевска