Пропаѓа проектот за Клиничка болница во Штип – Жителите револтирани

Како нем сведок за едно подобро здравство , на една од висинките над Штип,стои недоизградениот објект во кој требаше да се смести најголемиот зравствен комплекс во Југоистокот. И по шест години од стартот на неговата изградба граѓаните од Истокот за посложени специјалистички прегледи и понатаму се принудени да патуваат до Скопје. Иако се ветуваше дека новата Клиничка болница која требаше да биде изградена по врвни стандарди и со работа да почне пред три години , денес е само бетонски габарит. За Штипјани нова болница e само недостижна реалност.

  „Нерално е и сами гледате. Колку време се гради, а уште е на почеток. Се гледа дека е лага и превара. Само што почнат соградба и застанат. Седум години се гради. Ќе застарее градејќи се . Треба да размислат надлеќните и Влада и Министерство за здравство. Овде се лекуват 250.000граѓани. Ќе биде ќе се изгради. Сега новата власт ќе го заврши проектот„-велат анкетираните граѓани.

Минатиот месец опозицијата обелодини дека Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето и поради застој во изградбата болницата нема да ја добие траншата од 13, 43 милиони евра. Информацијата тогаш ја потврдија и од здравство, убедувајќи дека во договор со Министерството за финансии изградбата на објектот ќе продолжи со друг финансиски извор.За сега од финансии нема одговор на прашањето дали ќе се продолжи со градежните активности.

Изградбата на болницата се одложуваше неколку пати, а дополнителен проблем е и судскиот спор, кој се води меѓу изведувачот, грчката фирма „Интаркат„ и подизведувачот „Бетон„-Штип.

Објектот почна да се гради во март 2016. Според проектот здраватвениот комплекс е на 8нивоа со 300болнички кревети и требаше да биде прва државна болница со систем на пнеуматска пошта.

Изградбата чини 30 милиони евра, а со опремата инвестицијата на овој капиален проект ќе достигне 56 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста