Пропаднатата зграда на старото нервно одделение во Штип се претвори во депонија

Вистинска депонија е зградата на старото Нервно одделение во Штип. Расфрлан отпад, пластични шишиња  и руинирани објекти…Тоа е дом на 47 фамилии. Жителите од околните населби реагираат, велат овој дел од градот е вистинско ругло. Истовремено стравуваат и за својата безбедност.

Нема шанси да поминат деца. Јас не смеам да поминам, а камоли деца. Има кучиња, постојано се пијани. Постојано го заобиколуваме објектот. Често пати чувствувам мирис на чад. Палат гуми, фрлат ѓубре„-велат граѓани кои живеат во штипската населба „Сењак“.

Во руинираните објекти кои секој момент можат да се срушат, без основни услови за хигиена  живеат 246 лица, од кои 160 се деца . Се жалат на мизерните услови во кои живеат, но велат друг избор немат.

Ова е многу старо. Плафоните ќе ни паднат над глава. Хигиена нема, ќе се испоразболеме, лебарки има на сите страни„-Мерем Асанова, жител во зградата на старото Нервно одделение во Штип.

„Барем нека не сместат некаде. Нека плаќаат тие кирија и ние сакаме како луѓе со децата да се прибереме на топло„-изјави Мерем Камбери, жител во зградата на старото Нервно одделение во Штип.

За брзо време руглото на градот ќе се преадаптира во урбана зона. Во текот на оваа година се планира конечно да започне  изградбата на типски куќи со што ќе се реши голготата на овие семејства. Проектот  ќе се реализира со европски пари.  Засега се  бара локација , а на местото каде што е сега старото нервно наместо студентски град како што беше планирано, ќе никнат објекти за домување, информира градоначалникот Иван Јорданов.

 Пред десетина години откако Брегалница им ги однесе живеалиштата, тогашната локална власт овие семејства привремено ги смести во зградата на нервното одделение кое за разлика од сега имаа подобри услови за живот. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста