Пропадна можноста во Монца да ја видиме првата трка со гледачи во овој Ф-1 шампионат

Иако организаторот правеше напори и се надеваше дека може да обезбеди дозвола за присуство на гледачи на патеката во Монца сега е веќе јасно дека трката од Ф-1 шампионатот закажана за 6 септември ќе мора да мине без нив. Главната причина е постоечката одлука на владата во Ломбардија до крајот на деветиот месец да нема никакви собири што е сосема различно од покраината Тоскана каде нема така строги мерки и каде карванот доаѓа во викендот потоа на 13 септември, па сосема можно е во Монца да биде тивко, а натпреварот во Мугело да биде првиот отворен за публиката сезонава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста