Пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер ќесиња во стан во Тетово, две лица се лишени од слобода

На 15.09.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и М.С.(21) од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на ул.„Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер ќесиња. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста