Пронајдени 55 мигранти во товарно возило во струмичко

На 21.08.2020 околу 04.00 часот, на локалниот пат кој води кон с.Триводи, струмичко, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“, без регистарски ознаки. Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото. По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста