Пронајдена вреќа со марихуана, полицијата привела две лица

На 20.07.2020 во 13.30 часот на регионален пат Дебар – Струга, на место викано „Врабич“, полициски службеници од Полициска станица Дебар ги лишиле од слобода А.С.(23) и К.К.(23), двајцата од Дебар. Двајцата биле со патничко возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.С., а откако биле забележани од полициски службеници, од возилото излегол К.К. и се обидел да избега. На местото на настанот била пронајдена вреќа со марихуана. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста