Промоција врз грбот на младиот Леонид: Летот Скопје-Виена злоупотребен за кампања на Спасовски

Промоција врз грбот на младиот Леонид: Летот Скопје-Виена злоупотребен за кампања на Спасовски

Младиот Леонид искористен само за промотивна кампања и показна вежба дека и Македонија има медикоптер кој може да се користи за итни случаеви.

Алфа тргна во потрага по одговори – кој и зошто го одобрил првиот меѓународен лет за медицински транспорт, ако Фондот според законите не може да ја покрие рехабилитрацијата на Леонид во странство.  

Институциите си ја префрлаат одговорноста, а МВР призна дека маката на семејството на Леонид ја искористиле за презентација и промоција.

„Во оваа прилика дополнителниот заменик министер Бојмацалиев и директорот на БЈБ Тасевски присуствуваа на овој хуман чин во својство на поддршка на нашите пилоти од Одделот за воздухопловни единици на МВР, со единствена цел да ги известиме медиумите и јавноста за можноста за користење на медикоптерот за итен медицински транспорт кој за ваквите случаи Министерството за внатрешни работи  го дава на користење без парична надокнада“, стои во одговорот кој го добивме од министерството.

Во меѓувреме се огласи и Фондот за здравство. Тие вината ја префрлаат кај родителите на Леонид.

ФЗОМ ниту беше известен, ниту пак учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството“, се наведува во нивното соопштение.

Центарот за управување со кризи од таткото на Леонид го добил барањето за летот. Според Ангелов, Центарот нема надлежност ниту пак имале информации за тоа кој е надлежен да го плати лекувањето.

– Врз основа на ова негово барање и врз основа на Меморнадумот, ЦУК до МВР поднесе барање за медицински транспорт со хеликоптер на болно лице. МВР одговори позитивно и во директна комуникација со родителот ја започна процедурата за конкретниот медицински лет, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Инаку Леонид беше транспортиран со медикоптер во Виена на 6ти февруари. Тогаш екс министерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи се пофали дека во ноември го промовирале хеликоптерот на МВР со медицинска опрема, а три месеци подоцна сите биле сведоци на капацитетите на МВР и историската можност за прв пат во државата да се реализира меѓународен транспорт на пациент.

Леонид Индов беше испратен во Виена од страна на директорот на ГОБ 8-ми Септември Д-р Христијан Косотв, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и допонителниот замник министер во МВР Митко Бојмацалиев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста