Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста