Пролонгиран рестартот на тениската сезона

Како што веќе е познато тениската сезона би требало да продолжи на 14.август и тоа со турнирот во Вашингтон. Сепак можно е тоа да не се случи бидеји последните информации говорат дека лесно би можел овој настан да биде откажан поради актуелната остојба со Ковид 19 во САД и правилата кои се на сила. Имено и натаму се забранети патувањата помеѓу Европа и САД каде нема најави за менување на условите ниту наредниот месец. Се очекува ЕУ со нов став за ова прашање да се изјасни на 31.јули што се чини е доцна за нормално одржување на турнирот во Вашингтон. Главниот град на САД во моментов не важи за жариште на корна вирусот и условите на функционирање во него се понормални од некои други средини во оваа земја. Доколу рестартот на АТП сезоната сепак биде пролонгиран, тогаш нејизното продолжение би можело да се помести за 22.август во Њујорк со Мастерсот во Синсинати кој ќе се одржи една седмица пред годишеното издание на УС Опен. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста