Производителите на ориз со последно предупредување до министерот – или решение за откупната цена или протест

Оризопроизводителите го губат трепението. Нивниот револтот станува   се поголем. На заменик министерот за земјоделие му дадоа рок од три дена за да го реши проблеммот со откупната цена , во спротивно се заканија дека ќе излезат на протести и со механизацијата од која ги прехрануваат семејствата  ќе ги  блокираат патиштата. Бараат откупната цена да биде 25денари по килограм.

 „И покрај обекањата дека ќе се преземат мерки за решавање на нашата ситуација, односно ниската цена на оризовата арпа…од тогаш поминаа два месеци и ништо не е преземено. Ние оризопроизводителите сме довени во ситуација да ги опомене , во рок од два-три дена да го решат нашиот проблем . Ако и понатаму останат глуви,ние ќе ги радикализираме нашите барања и ќе пристапиме кон блокирање на патишта„ -изјави Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од с.Облешево.

 „ Како може да работи некој, а да не зима пари?Како може сите да земаат плата на 1-ви,15, , а ние може цела година да си чекаме?! На онај ваучери, на друг маучери, а на нас зобник да ни стават,оти ништо друго не ни треба„ – изјави Здравко Донев, оризпроизводител од с.Спанчево.

   Во моментот оризовата арпа се откупува од 17 до 20денари. Со оваа цена не можат да се покријат ни најосновните трошоци за производство, се жалат оризопроизводителите кои се приморани поради лошиот откуп, овогодинешниот род или да го складираат во амбарите или да го продаваат испод цена. Оризопроизводителите се жалат дека годинава ќе доцнат и субвенциите

„Доцни исплакањето на субвенциите. Секоја година календарски завршуваат до крајот на годината, а оваа година најверојатно ќе бидат исплатени 2021, што значи дека ќе имаме проблем во работата„-изјави Стојче Ташевски,оризопроизводител.

Оризопроизводителите од кочанско бараат воведување на интервентна мерка од пет денари по килограм оризова арпа. Сметаат дека само така ќе се спаси досега најлошата година во производството на оризовата арпа. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста