Производителите на ориз од понеделник на протест

Понеделник е последен рок за исплата на субвенциите, во спротивно излегуваат на протести, се заканија ороизопроизводителите од кочанскиот регион. Гневни се на Министерот за земјоделие откако не го исполни ветувањето што им го даде, парите од субвенциите да ги добијат до 31декември. Со блокада на патот Штип-Кочани ќе започнат на 23 февруари и ќе останат таму се додека не се реши проблемот со субвенциите и ниската откупна цена. На протести ги поканија и народните избраници..

   „Апелирам до пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ да дојдат и да го поддржат протестот. Да не мислат дека кога ќе дојдат избори ќе ги примиме. ПОдготвени сме да го бојкотираме и пописот. Станавме луѓе од петти ред, нас никој не не регистрира„-изјави Здравко Арсов, Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителството..

Оризопроизводителите се револтирани бидејќи не се опфатени  ниту во ниту еден сет  економски мерки..

  „Ние не бараме ваучери за годишни одмори, ниту рамковни вработувања. Ние бараме да ни се плати , само тоа што треба„изјави Арсов

Поради ниската откупна цена и лошите земјоделски политики  од Иницијативниот одбор објаснуваат дека годинава за 50%ќе се намалат површините посеани под ориз

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста