Производителите на ориз никако не можат да се доближат до цената од 25 денари, власта ги смирува со ад хок мерки

Дали власта купува време за предизборно да го амортизира гневот и револтот кај оризо производителите од кочанско? Ваквото прашање се наметнува откако на денешната средба министерот за земјоделие на оризопроизводителите им соопштил дека за повисока откупна цена на оризовата арпа ќе преговара со откупувачите но наредната недела. Во меѓувреме им е ветено исплата на интервентна мерка

„Не знам дали се купува време. Целта на оризопроизводителите е да се реши проблемот. Да се добијат цени кои се одржливи и да можат и понатаму да опстојуват. Со овие цени од 17 денари е невозможно. Ние говоревме за цени кои би биле над 25 денари за оризовата арпа и над 55 денари за белиот ориз“. изјави Ставре Јанев, претседател на Самостојниот земјоделски синдикат.

Најдоцна до Декември на сметките на оризопроизводителите да им се исплати по 1.800 денари по декар, а дополнително ќе им бидат исплатени и основните субвенции. Ваквата мерка ќе биде од корист, но доколку се постигне повисока откупна цена категорични се од Самостојниот синдикат.

„Отприлика ќе се исплаќа по три денари од килограм, но ќе биде по површина. Да не се чека откупот, бидејќи динамиката на откупот ќе биде задоцнета. Ќе се смета по 6000 килограми по хектар, односно по 18.000денари по хектар и сите субвенции да бидат исплатени до крајот на декември“, рече Јанев.

Министерот за земјоделие реши да ги прими оризо производителите откако тие вчера се заканија дека нема да се мрднат од блокадите доколку не се постигне некаков договор со кој ќе можат да ја ублажат состојбата во која се наоѓаат. Вчерашните протести премиерот ги окфалификува како политички бидејќи под превезот на дотолчените оризопроизводители се криела опозицијата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста