Програмата за обнова на инфраструктурата на ВМРО-ДПМНЕ претставена пред Сојузот на стопански комори

Изградбата на патишта, мостови, пруги е клучнa за бизнисот. Добрата инфраструктура неспорно значи побрз проток на луѓе и стоки, но за проектите да станат реалност треба тоа што се планира, и да се оствари – велат стопанствениците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со економскиот тим ја презентираше предизборната програма на партијата пред бизнисмените од Сојузот на стопански комори. Тој најавува 2 милијарди евра во инфраструктурни проекти, или половина милијарда во секоја година од мандатот.

Од Бизнис конфедерацијата, пак, пред неколку дена му порачаа на Мицкоски дека партизираната администрација ги кочи инфраструктурните проекти, па побараа итни реформи. Мицкоски планира да ги стопира најавите за префрлање на службеници од јавниот во приватниот сектор. Вели партијата имала концепт за справување со проблемите што произлегуваат од гломазната администрација.

Програмата за обнова на инфраструктурата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува нов автопат од Велес до Битола, реконструкција на над 1.000 километри регионални, изградба на 150 километри експресни патишта, како и 300 милиони евра во водовод и канализација. Реализацијата на капиталните инвестиции е еден од најголемите проблеми што се провлекува со години. 2018-та заврши со катастрофална реализација од само 65%, додека ланската година беше нешто подобра со исполнети 78% од буџетските планови.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста