Прогласена вонредна состојба во Минеаполис: Војска на улиците поради насилните протести

Гувернерот на сојузната американска држава Минесота-Тим Валц прогласи вонредна состојба и распореди 500 припадници на Националната гарда во најголемиот град Минеаполис, каде што трет ден по ред се случуваат насилни протести, како реакција на смртта на Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот додека бил приведуван од полицијата.

Протестите се проширија и на соседниот град Сент Пол, а ги има и во Чикаго, Лос Анџелес и Мемфис.

Демонстрантите ноќеска ја запалија полициската станица во Минеаполис во која што работеле четворицата полицајци кои учествуваа во приведувањето на Флојд. Тие во меѓувреме добиле отказ. Станицата претходно била евакуирана „во интерес на безбедноста на вработените“, кажа портпаролот на полицијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста