Прогласена епидемија на мaли сипаници во цела држава

Епидемија на морбили прогласена на цела територија на државата. Ваков заклучок „падна“ на Комисијата за заразни болести, а со цел спречување на натамошното ширење, за да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување. Здравствените власти четири месеци размислуваа дали е неопходен ваков чекор.

Во Инфективната клиника се хоспитализирани околу 50 заразени, а во тешка состојба се седуммина.

Од зараза на мали сипаници не куртулија ниту здравствените работници. Досега над 100 мадицински лица – матични лекари и специјалисти во разни клиники заболеле од морбили.

Во меѓувреме, снема вакцини во дел од вакциналните пунктови низ земјава. Граѓани преку социјалните мрежи посочија дека не можат да ги вакцинираат своите деца, но здравствените власти велат дека вакцини има, само постои проблем со дистибуцијата.

Досега едно шестмесечно бебе, а две тринаесетмесечни починаа поради компликации од морбили, а се заразија околу 1000 луѓе.

Сања Трајковска Ставров