Професорот од „Ибрахим Темо“ тврди дека бил нападнат од ученикот, а тој само се бранел

Со своја веризија за скандалот во струшката гимназија “Ибрахим Темо,”  на обвинителна клупа седна професорот по англиски јазиккој со метален предмет физички нападнал ученик.

На денешната главна расправа,тој тврди дека на инцидентот му претходела вербална расправија со мајката на ученикот која исто така е професор во училиштето.Со заканувачки поглед,колешката арогантно ме навредуваше со погрдно зборови пред сите ученици но и голем број непознати лица кои прв пат ги гледам во училишната зграда,рече обвинетиот додавајќи дека тоа не бил нивни прв вербален инцидент. Засрамен и понижен како што самиот рече, тргнал во професорскиот тоалет да се освежи.

“По мене влезе ученикот кој со тупаница ме удри на левиот предел од челото.Во тој дел од секунда од џебот го издадив боксирачот со цел да го заплашам,затоа и  замавнав, но боксирачот заврши во неговата глава” – вели обвинетиот.

Професорот кој тврдеше дека боксирачот кој никогаш претходно не го употребил,но повремено го носел со себе за лична заштита,по инцинтот се заклучил во неговиот кабинет каде останал се до проведувањето од страна на полицијата.

Одбараната смета дека не се исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство,има контрадикторни докази во тој поглед особено исказите на сведоците и оштетениот – изјави Сеад Мена – адвокат.

Основното јавно обвинителство го товари професорот по англиски јазик  за сторено кривични дело насилство и бара тој да остане во притвор, се до изрекување на пресудата.

Инаку по инцидентот кој ја вознемири јавностам директорката на училиштето тврдеше дека ова не е негов прв инцидент и дека испадите на долгогодишниот професор ги пријавувале до сите надлежни институции. Учениците пак ја бојкотираа наставата протестирајќи пред струшкиот основен суд.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста