Професорката Јачева – Улчар со бројни забелешки за законот за употреба на македонскиот јазик

Предложениот закон за употреба на македонскиот јазик има повеќе општи отколку обврзувачки одредби. Примената на јазикот не се нормира, а инспекциските служби нема да имаат надлежност да казнуваат туку само да помагаат во правилната употреба, смета професорката Елка Јачева – Улчар. Таа смета и дека со дел од законот се навлегува во автономијата на универзитетите и дека предложеното решение се прави според законите кои ја третираат употребата на другите јазици.

Јачева – Улчар потенцира дека законски мора да се регулира и употребата на топонимите на македонски јазик. Лекторите во сите државни и јавни институции мора да бидат обврска како и изучувањето на македонскиот јазик од прво одделение за сите етнички заедници.

Професорката вели дека никој не е против закон кој би го афирмирал македонскиот јазик, но реагира дека на експертите не им било оставено доволно време за да ги достават сите забелешки.

Според предлог – законот на сите универзитети во државата минимум два семестри треба да се изучува македонскиот јазик, да се создаде електронска база на научни истражувања за јазикот, да се отворат нови и да се возобноват старите лекторати во странство, а во нашите амбасади низ светот да се овозможи изучување за сите странци. Предлагач на законот е министерството за култура и Советот за македонски јазик.

Во продолжение целиот разговор со Јачева – Улчар.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста