Професорите кренаа глас по одлуката на Владата: Бугарскиот универзитет удира по автономијата на УКИМ

Поголем дел од професорите го кренаа гласот по одлуката на Владата, да дозволи Универзитетот Свети Кирил и Методиј, да добие бугарски клон со речиси исто име во Македонија. Порачуваат дека на овој начин директно е нападнат УКИМ, најголемиот и најдобар македонски универзитет. Професорката Тања Каракамишева предупредува и дека неколку закони би биле прекршени со евентуално регистрирање на бугарскиот универзитет.

-Се кршат три закони во Македонија ако се регистрира Универзитетот од Велико Трново ама за Владата тоа не е никаков проблем? УКИМ е директно нападнат, професорите, со чест на некои исклучоци, молчат! Тоа е таа комформистичка  интелектуала!, пишува Каракамишева.

За владината одлука да му даде акредитација на „Свети свети Кирил и Методиј“ од Велико Тарново, универзитетскиот професор вели е системски напад од власта и побугарчување на македонскиот идентитет.

-Намерен обид за поткопување и киднапирање на основните македонски институции и побугарчување на македонскиот идентитет. Почнува уште со промената на името и забраната за придавката „македонски“. Ова е системска опресија на актуелната власт врз Македонците, смета Кирјаковски.

Ваквиот потег е проблематичен и за академик Катица Ќулавкова. Таа вели дека во односите меѓу Македонија и Бугарија нема никаков реципроцитет, односно нашата држава дава речиси се, а источниот сосед добива речиси се.

-Ние постојано нели сервилно некако попуштаме и слично. Во принцип треба да имаме размена врз принцип на реципроцитет. Значи ако они имаат филијала на било кој нивни универзитет и ние треба да имаме наша во Бугарија, тоа така го прават во нормални односи соседни рамноправни држави. Во случајов ние имаме нерамноправен однос и не е почитувано начелото на реципроцитет и тоа зачудува, изјави Ќулафкова.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, вели дека кога ќе биде регистриран бугарскиот универзитет, ќе ги искористи сите расположливи правни лекови, согласно  Законот за авторското право и сродните права, како и Законот за индустриска сопственост и евентуално и меѓународните прописи кои ја регулираат оваа материја.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста