Професор Адревски: Македонија да ги одбие бугарските уцени и да го стопира имплементирањето на преспанскиот договор

Непримерното и провокативно однесување на Бугарија кон Македонија ќе биде тема на разговор на Европскиот парламент. Во амандманот поднесен од страна на Зелените и Социјалистите, се вели дека Бугарите се однесуваат спротивно на духот на договорот за добрососедство.

А токму за разговорите на Македонија со Бугарија говореше универзитетскиот професор на Кралскиот универзитет од Канада, Гоце Андревски. Тој во гостување во „Заспиј ако можеш“ на Алфа вели дека Македонија има две опции. Првата да преговара и да ги прифати бугарските уцени и условувања, што би значело дека Бугарија добива дел, а Македонија губи дел.

Втора опција пак според него, е да ги одбиеме бугарските барања, така не би добиле ништо ниту ние, ниту Бугарите, а ние секако во моментов немаме ништо, со оглед на тоа што Бугарија ни има ставено вето.

-Стратегијата базирана на неотповиклив напад, на ова ветово за кое они викаат дека е неотповикливо, не може да се смени, нереверзибилно, не става во ваква позиција намерно. И ние во моментов ја играме таа игра. Ние во моментов сега преговараме и испраќаме различни преговорачи, за тоа колку помалку да дадеме или повеќе да дадеме, што е многу погрешно. Тоа е статичен приод на теорија на игри, изјави Адревски.

Според Андревски една од опциите е и Македонија да го стопира имплементирањето на Преспанскиот договор. Професорот вели евентуално ново вето, сега повторно од Грција би немало никаква тежина со оглед на тоа веќе сме блокирани. Но би можело да предизвика притисок кон од грчка кон бугарска страна да го тргне ветото, за да нема евентуално тргнување кон враќање на името на државата.

-Не укинуваме, ќе го стопираме. Ако го стопираме, тогаш Грција ќе има две можности, или ќе стави вето, што во овој случај тотално нема никаква тежина беспредметно е, затоа што веќе имаме вето од Бугарија. Дали имаме две вета или 10 вета исходот е ист, изјави Андревски.

Андревски верува дека Бугарија има експерти кои ја припремаат нивната стратегија во преговорите со Македонија, а за жал кај нас ги нема. Тоа може да се види и по неколку пати покажаниот понизен став на премиерот кон бугарските барања, па дури и дека Бугарија не била фашистички окупатор, а и Гоце Делчев бил херој и на Бугарите, покрај на Македонците.

-На територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци, кои зборувале македонски јазик, но живееле Бугари кои збореле бугарски јазик. Живееле луѓе кои што се чувствувале во исто време и Бугари и Македонци. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

Македонија досега прифати голем дел од бугарските барања, па дури од наши високи политички фигури, меѓу кои и самиот премиер, беше повторувано дека Македонија и Бугарија имале заедничка историја.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста