Професионални готвачи подготвија 700 оброци за стружани

Девет професионални готвачи од неколку градови во Македонија на дело ја покажаа својата хуманост- за 4 часа поготвија оброци кои ќе нахранат 700 гладни усти.Во ова пандемиско време, кога многума останаа без работа и кога се’ потешко се врзува крај со крај, а цели семејства немаат можност да ги задоволат основите егзистенцијални потреби, кај мене се роди идеата да ги поттинам моите колеги,да направиме едно добро дело. Тешко беше да се организираме, но кога се сака, се’ се може-вели стружанецот Никола Петрески.

„Малку напорно, но со воља за луѓето кои се гладни и на кои им треба навистина топол оброк, така да се собравме сите кувари“, вели Никола Петрески-готвач.

„Се се случи на брзина,но за нас куварите беше возбудливо да помогнеме на ранливи категории“, рече Горан Филипов-готвач од Кавадарци.

Ова само покажува дека во Македонија сеуште има хумани луѓе, подготвени да подадат рака на оние на кои помошта им е најпотребна. Наша цел, велат готвачите е оваа мисија да се прошири низ сите градови во Македонија и да стане традиција.

„Знаеме сите,со ова што се случи со короната порасна бројот на социјално загрозени лица.Одвоивме навистина време ама искрено,во секое време кој ќе се обрати кај нас како здружение ние ќе го прифатиме и ќе гледаме што повеќе да помогнеме на вакви хуманитарни случувања“, рече Влатко Ѓоргиески, Здружение на готвачи “Шеф”- Охрид.

Волонтерите на Црвен крст подеднакво ќе ги поделат оброците на социјално загрозените семејства во Охрид и Струга. Од хуманитарната ораганизација, не знаат колку точно има вакви семејства, но велат бројка постојани се зголемува.

„Кај нас има многу граѓани кои се наши корисници,кои доаѓаат редовно кај нас.Нормално дека во период на пандемија тоа беше зголемено како потреба и како бројка.Нашите корисници за жал растеа овој период“, вели Атхуриме Даути-Црвен крст Струга.

Оброците кои ги поготвија вредине кувари од Охрид, Струга, Кавадарци и Валандово ќе бидат вистинска гозба за ранливите категотии кои барем за миг ќе заборават на гладта и сиромаштијата. На трпезата барем денска ќе имаат риба, ориз, кромпир пире, плескавици и што уште не.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста