Проф. Трајче Нацев: Културниот идентите на македонците влече корени од бронзеното време

Проф. Трајче Нацев: Културниот идентите на македонците влече корени од бронзеното време

Додека соседите ја негираат нашата историја и тврдат дека македонскиот народ е создаден минатиот век, откриените артефакти  на нашата територија не одат во прилог на оваа теза, смета универзитетскиот професор по археологија, Трајче Нацев. Пронајдените предмети ширум државата, потврдуваат  дека влечиме корени уште од бронзеното време.

  „Ние не треба да се врзувме за периодот на Античка Македонија, бидејќи нашите културни корени на Македонија  и на автохтоното население коешто живее на овие простори, тие не потекнуваат од Античкиот период, бидејќи тој е од VI век. Меѓутоа ние имаме голем број на археолошки локалитети коишто потекнуват од многу пораниот период  на пример од бронзеното време„ изјави универзитетскиот проф. Трајче Нацев

Според професорот Нацев, сите артефакти и истражувања што се прават на територијата на Македонија влегуваат во потврдувањето на културниот идентитет на Македонците.

   „На пример, од бронзеното време, ние среќаваме симболи коишто можеме да ги видиме во целата таа хронолошка рамка, која продолжува низ Железното време, Класичниот период, па сес до крајот на тој т.н.антички период„ изјави проф.Нацев.

Во Македонија има над 5100 археолошки локалитети. Најголем дел од нив не се обезбедуваат, па поради тоа се лесна мета на дивите копачи кои ископаните предмети и артефакти ги продаваат на црните пазари во Европа, Америка и Австралија. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста