Проф. д-р Ана Фрицханд за Алфа: Неопходна е добра осмислена стратегија за старт на учебната година

На чекор до новата учебна година психолозите уверуваат – социјалниот развој е значаен за секое дете и добро би било да се вратат на училиште.Психологот и универзитетски професор, Ана Фрицханд за Алфа вели предизвикот е голем за здравствените и образовните институции, затоа неопходна е добра стратегија за да се заштити здравјето на најмладите.

“Тоа повторно враќање назад во смисла дека ќе се видат физички децата, макар и на дистанца ќе направи промена.Сега треба да видиме како ќе биде онаа операционализација на самите протоколи и колку тие суштински ќе можат да се споведат во пракса.“ – изјави Проф. Д-р Ана Фрицханд – развоен психолог.

На прашањето дали децата ќе можат да ја одржат дисциплината што ја бараат предвидените протоколи за физичкото присуство на наставата, Фрицханд вели на најмладите ќе им биде и најтешко.

“Колку се децата помали толку им е потешко да одложат на некои нивни свои желби и исполнувањана свои потреби.Емоционалната контрола е исто така е помалку развиена. Така што, станува збор за сериозен предизвик за тоа како ќе се искоординира, во смисла на тоа дека најмногу ќе бидат повикани  наставниците и воспитувачите во градинките.Нема да им биде лесно на оние кои ќе ги споведуваат или внимаваат на почитувањето на протоколите. ” – вели  Проф. Д-р Ана Фрицханд.

Психолозите апелираат институциите да бидат многу внимателни со осмислувањето на стратегијата, за да не ни се случи сценариото  од неколку европски земји , кои одлучија да ги отворат  училиштата, и за неколку недели ги затворија.

“На различни возрасти различно можете да очекувате. Тука треба посебно да бидеме внимателни. Германија почна па после две три недели видоа дека можеби избрзале.Израел во Мај почна, па исто така видоа дека избрзале.Од сојузната американска држава Верџинија исто така се прилично претпазливи и посочуваат истражувања.” –  кажа психологот Фрицханд.

Се поизвесен е почетокот на учебната година со физичко присуство на учениците. Одлуката, според најавите на надлежните, ќе се официјализира престојата недела. Одлуката за враќање во училишните клупи ја поддржуваат и поголемиот дел од родителите, но и наставниот кадар. Но, голем дел од епидемиолозите и педијатрите се децидни – дека сега не е време за враќање на децата во училишните клупи.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста