Продуцентот кој го држеше „Црвениот поет“ во фиока добил вкупно три милиони евра, народни пари

Продуцентот кој го држеше „Црвениот поет“ во фиока добил вкупно три милиони евра, народни пари

„Сектор филм“, продукциската куќа која со години ја чуваше во фиока серијата „Црвениот поет“ – од формирањето на Агенцијата за филм досега, инкасирала 194 милиони денари, односно повеќе од 3 милиони евра, народни пари.

Институцијата која ја тресат скандали дека незаконски делела пари од буџетот, а за тоа, кој ќе ги земе, одлучувале луѓе со судир на интереси, има видлива шема кај кои продуценти се расфралала со пари, а кај кои штедела.

Истражувањето на ТВ Алфа покажува дека на конкурсите на Агенцијата за филм, често, на повиците има различни продукциски куќи кои се избрани за финансиска поддршка. Но, не треба многу, да се забележи каде одел најголем дел од колачот. На еден ист конкурс, дел од продукциските куќи, како на пример „Сектор филм“ често добивале финансиска поддршка и за повеќе од еден проект.

Оваа продукција стана позната во јавноста откако истражувањето на ТВ Алфа минатата година, откри дека тие добиле поддршка од 23 милиони денари, за снимање на играна серија, но и по 5 години, ниту беше емитувана, ниту правата беа понудени без надоместок, како што предвидуваше договорот.

  • „Доколку продуцентот во рок од три години од целосна реалзиација на играната серија не ја емитувал на територија на Македонија, должен е без надоместок да ја понуди на јавното претпријатие „Македонска радио-телевизија“, на националните, на регионалните и локалните телевизии“ – стои во член 23 од договорот помеѓу Агенција за Филм и продукциска куќа „Сектор Филм“.

Серијата посветена на македонскиот деец Кочо Рацин, по бројните истражувања и прилози на ТВ Алфа, конечено го виде светлото на денот, но на една од другите национални телевиизии.

Во меѓувреме, додека оваа серија се чуваше во фиока со што беше прекршен договорот за нејзино финансирање, Агенцијата за филм продолжи да дава пари на „Сектор филм“, во сопственост на продуцентот Владимир Анастасов.

Досега, тие имаат добиено финансиска поддршка за 13 проекти, меѓу кои и серијата „Црвениот поет“, за која сомнежот во јавноста беше дека без притисок, ќе заврши како десетиците проекти поддржани со народни пари, кои станале како црна дупка за државниот буџет. Филмови и серии платени од граѓаните, кои никогаш не се појавиле на малите екрани.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )