Продолжуваат тензиите во Будва

Во Будва повторно дојде до пораст на тензиите. Граѓаните тргнаа кон полициската станица, но специјалната полициска единица повторно излезе. Меѓутоа, тие на повик на еден свештеник, се вратија назад пред зградата на Општина Будва.

Насобраните чекаа синот на градоначалникот Марко Царевиќ од полициската станица да биде одведен во Обвинителството во Котор.

Меѓу насобраните беа и градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ, кои вчера попладне беа пуштени на слобода по бруталното апсење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста