Продолжува уништувањето на Охрид, нова депонија среде ноќ се појави кај Горица

Товарни камиони без ознаки полни со земја, градежен шут и друго, се истовараат во месноста Горица, претворајќи го во депонија овој строго заштитен појас, кој некогаш послан со зеленило, го красеа паркови со лалиња. Денес сликата е очајна, бројните мунувачи кои рекреираат вдолж патеката до Горица, подзастануваа и ужаснати од глетката ја кометираа ваквата негрижа за животната средина и нашето опкружување.

– Нека фрлат вака во странство па ќе видат како е, колку казна ќе платат еден најлон да фрлиш кај што не треба е 700 евра казна, а овдека? Не знам што да ви речам, не можам да се начудам искрено. Неколку години сум тука, затоа дојдов ваму да прошетам, да видам како е, ова се е ѓубре невидено;

– Па стварно е грозно да се погледне ама и често пати на повеќе места гледаме испофрлано ѓубриште, никаде е расчистено и средено;

– Не воопшто не е лична глетка, ама тоа е совеста на нашите луѓе, од одговорноста за човековата околина, што да ви кажам на нула. Инспекциските служби треба да дојдат, да реагираат? Па треба.

Еден за еден,камионите доаѓаат посебно во вечерните полноќни часови одлагајќи го градежниот шут на околните имоти,а за да не остават трага зад себе, потоа калливиот пат од наносите земја и прашина го чистат со цистерна на која исто така нема никаква ознака,нити се знае кој ги ангажирал. Оваа аматерска снимка е направена синоќа во 23 часот. Охриѓани прашуваат што се прави во Горица и зошто се работи претежно ноќе?

Камионите разнесуваат и сред бел ден, но никој не ги санкционира. Никаде ги нема инспекциските служби, да видат што се случува во зашитетното подрајче на Горица. Се работи за огромни купишта шут на површина од еден хектар, но општината не знае што и се случува во дворот.

Официјален став од општината немаат, не знаеле за што станува збор. Неофицијално комуналните инспектори постапувале само по пријава. Но сугерии да почекаме до понеделник за да провереле дали има евентуално некакво записник.

Нашите информации говорат дека се работи за приватни имоти вратени со законот за денационализација, на локација каде се уште нема урбанистички план. Но законот за комунални дејности, е дециден – дури и кога се работи за приватен имот, во вака заштитено подрачје, не смее да се одлага градежен шут нити било каков отпад, освен на места определени за таква намена.

При преземањето на одредени дејности и активности во врска со управувањето со отпадот, правните и физичките лица се должни да обезбедат висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето – стои во законот за управување со отпад.

Росица Голабоска

Поврзани вести