Продолжува соработката помеѓу Унгарија и Словачка, Орбан и Матовиќ си подадоа рака

Продолжува соработката меѓу Унгарија и Словачка. За  унгарскиот премиер Орбан  луѓето на двете земји  меѓусебно се  почитуваат, сакаат да соработуваат  и заедно да постигнат успех“, за неговиот колега,  Игор Матовиќ, целта на Словачка е да обезбеди етничките Унгарци да се „чувствуваат граѓани со еднакви права“.
Орбан нагласува дека преку заедничките проекти на Унгарија и Словачка  од сите области ќе придонесат за стабилност во централна Европа.
За унгарскиот премиер билатералните врски се „фантастични“, додавајќи дека Словачка е трет најголем трговски партнер на Унгарија. Тој додава дека унгарската влада отворила фонд за заем од 600 милиони евра со „Ексимбанк“ за да ги промовира словачките инвестиции во Унгарија.Орбан рече дека „ја прифатил раката на неговиот словачки колега“ и ја истакнал подготвеноста „да го остави минатото зад себе и да гради иднина“. Тој додава дека за изградба на иднина се потребни партнери и Словачка би можела да биде еден од тие партнери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста