Продолжувањето на породилното отсуство на 12 месеци останува ветување на хартија

Празни ветувања од министерката за труд и социјална политика – наместо 12 месечно породилно отсуство, разочарување за мајките. Доцни предлог Законот кој предвидуваше продолжување на породилното отсуство за дополнителни 90 дена. Шахпаска ветуваше дека во јуни ќе биде готов, но ништо од тоа. Сега повторно ветувања – имало можност Законот да влезе во Собрание во октомври, но и за тоа не е сигурно бидејќи ќе му претходат јавни расправи и тоа во период на предизборие. Се отвора дилемата дали министерката и овие ветувања ќе ги користи за предизборни поени.

Се очекува некаде после годишните одмори да се отвори јавна расправа, па после локалните избори се очекува да влезе во Собрание – изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Мајките револтирани од неисполнетите ветувања на министерката – велат дека со години власта ги лаже дека ќе ги исполни нивните барања.

„Можеби ќе биде“ е од 2016 година. Тогаш беше после избори ќе биде веројатно и сега после избори ќе биде“

Сега така лажат да излеземе и да гласаме, никој веќе не е малоумен и не им верува за да излезе и да гласа, после ќе биде за следните избори.

Ако беше така, до сега требаше да биде усвоено – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Освен со продолжувањето на породилното отсуство, мајките имаат уште еден проблем – Фондот за здравствено осигурување доцни со исплати – па често може да се забележат коментари и прашања  на социјалните мрежи – кога ќе има исплата на надоместокот?

Предлог измените во Законот за породилно отсуство предвидуваа продолжување за дополнителни три месеци од сегашните девет – и тоа задолжителни пет месеци за мајката а останатите седум ќе може  да ги комбинираат и таткото и мајката.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста