Продолжува помошта на унгарската влада за компаниите, до сега зачувани 270 илјади работни места

Унгарската влада им помага на компаниите во земјата со 83,6 милиони евра. Планот за поддршка ќе ги мотивира компаниите да го надградат и прошират производството, смета министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Неопходно е поддршката за најважните сектори: производството на батерии и фармацевтски производи, производството на медицинска опрема, како и за прехранбената индустрија, вели Сијарто.
Компаниите кои имаат намера да се надградуваат, треба да вложат од најмалку 2 милиони евра, по што ќе имаат право да аплицираат за делумен поврат на средствата, во висина од 20-33 проценти, од вредноста на инвестицијата, и во зависност од нивото на развој на секторот во кој се работат.
Според регулативата на Европската комисија, државното финансирање не може да надмине 1,8 милиони евра, додаде Сијарто.
Компании кои ќе бидат дел од планот, мора да се ги задржат сите свои работници и да ги зголемат нивните плати, како и да инвестираат во врвни технологии за да се зголеми додадената вредност и да се даде приоритет на истражувањето и развојот вели унгарскиот министер за надворешни работи.
Сијарто истакна дека владиниот инвестициски план за големи бизниси досега привлече 1.434 компании и зачува околу 270.000 работни места.