Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции, за пет месеци искористени под 20% oд парите

Ништо од изградбата од патита на патишта, болници, школи, градинки. И покрај оптимизмот од власта, продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции и во петтиот месец годинава. Бројките од реализацијата на Буџетот покажуваат дека од почетокот на годинава потрошени се под 20% од предвидените пари за трајни проекти. Доцнење има кај речиси сите проетки. Авртопатот Кичево Охрид е далеку од реализација. Пругата кон Бугарија е заглавена во постапките за тендери и проекти, на стернд бај е и автопатот до Блаце. Слабо се работи и на автопатот Кичево-Охрид, проект на кој биле потрошени околу 350 милиони евра.

Реализацијата на капиталите расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на капиталните инвестиции и дека кај оние буџетски корисници кај кои не е реализиран предвидениот минимум од 15 отсто се резервирани предвидените средства.

И покрај лошите бројки, министерот за финансии е задоволен со ваквата реализација. Оптимист е дека работите ќе се подобрат.

  • Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие се повисоки за 51,5 отсто, рече министерот кој додаде дека има добра реализација на приходите, што, според него, е исклучително важно во овој период кога се уште трае пандемијата, рече Бесими.

Вкупно за годинава, за капитални инвестиции планирано е да се потрошат 373 милиони евра. Од Министерството за финансии претходно најавија дека се планира за институциите кои нема да ги потрошат парите, да има казни, а за успешните – награди.

Според достапните информации за првиот квартал пак, има институции кои не потрошиле ниту денар, но според министерот казни немало да има.

  • Не се работи за казна, туку за подобрување на планирањето. Секој буџетски корисник знае дека се резервирани средствата ако се под таргетот од 15 отсто за првиот квартал, вториот 40 и третиот 65 отсто од вкупни планираните во текот на годината. Министерствата ги имаат тие средства, но во посебна ставка се резервирани и тоа помага на ниво на целиот буџет така што од тие што помалку реализирале ќе се реалоцираат средствата таму каде има побрза реализација, појасни министерот за финансии.

И додека државата слабо ги троши парите за капитални инвестиции, па им дава кредити на општините, македонската економија тоне.

Со капиталните инвестиции, како изградба на патишта, болници, школи, градинки се создаваат трајни добра и значително влијаат врз растот на економијата. За оваа намена, преку Проектот за подобрување на општинските услуги, девет општини добија 3,4 милиони евра, од кои 700.000 евра се грант од Светска банка.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста