Продолжува голгота и тортурата на осудените од 27 април, Тошта ќе оди 14 дена во самица

Продолжува голгота и тортурата на осудените од 27 април, Тошта ќе оди 14 дена во самица

Ако излезе сопругата уште еднаш на телевизија Алфа ќе ја спроведеме одлуката и одиш 14 дена во самица, закани од затворските власти во Штип кои биле ифрит лути поради сведочењата на сопругата на Александар Јаневски Тошта, осуденикот од 27 април, за изживувањето врз него.

Ваква закана тој  добил синоќа од страна на надлежните во затворот коишто го теретат за бегство и на дисциплинска го казниле со самица, а тој беше задржан во Охридската болница поради интервенција на срцето.

Отпусно писмо со датум и комплетна медицинска документација е поткрепа дека Јаневски тој викенд не се дал во бество, туку бил во хирушка сала. Но, бадилаја затворските власти со закани се обидуваат да го замолчат неговото семејство за да не говорат јавно за тортурата што тој ја трпи во затворската амбуланта. Семејството не се плаши од заканите, сопругата е решена правдата да ја тера докрај.

Сопругата на Јаневски стравува за неговото здравје со оглед на тоа што за време на наводното бегство, кардиолозите во Охрид му го ставиле четвртиот стент на срцето, а само три стента му се ставени во последниве 12 месеци. Состојбата му е влошена во затворската амбуланта, а затворот нема ни соодветно возило за да го спроведе до болницата во Охрид.

Сопругата бара Народниот правобранител да го испита целиот случај бидејќи и затворот и Управата за извршување на санкции веднаш биле известени кога Јаневски бил задржан во болница, па нејасно зошто е казнет со самица кога постојат докази дека не се дал во бегство.

Претходно, затворскиот директор Мики Тодоров се правдаше дека секој може да донесе документација и да злоупотребува, но постоел закон според кој затворот се водел. Алфа се обиде да го контактира и денеска во врска со заканите за кои раскажува Јаневска, но директорот не возраќа на повиците и пораките.


Александар Јаневски Тошта е еден 16-те осуденици за настаните во Собранието што се случија на 27 април 2017-та . Додека македонската јавност ги нарекуваше патриоти, власта и судот ги обвини и осуди за најтешкото дело против безбедноста на државата тероризам. Јаневски лежи 13 годишна затворска казна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста