Продолжениот викенд ги наполни туристичките места, ама и ги вжешти линиите на 194

Пеколните горештини и Ковид случаите изминативе денови ги вжештија телефоните во скопската Брза Помош. Малаксаност, покачена телесна температура и дијареа се најчестите проблеми за кои се жалат пацинетите изминатиов период, велат лекарите. Граѓаните често ги мешаат симптомите предизвикани од топлото време со оние на ковид 19,  со оглед на тоа што се слични.  Здравствените работници се загрижени дека може да настане хаос .

“Сакам да напоменам дека во борбата со Ковид потребно е да учевствуваме сите и човекот како поединка со својата лична заштита па до највисоките институции.” – вели доктор Елена Карова Пиловска од скопската Брза Помош.

Лекарите се подготвени и дека по продолжениот празничен викенд кој ги наполни туристичките места во земјава бројките ќе бидат поголеми. Свесни се дека – непочитувањето на мерките ќе им ја зголеми работата.

“Имавме преходни празници, а потоа годишните одмори. Знаете како што викаат – дека луѓето одмараат, ама вирусот не. Значи Ковид 19 е заразна болест и таа се шири! Да, се очекува зголемен број на пацинети.“ – изјави доктор Пиловска.

Доколку корона кривата продолжи да расте или тече во исто темпо со троцифрени бројки на заболени и се тестира уште помасовно – македонскиот здравствен систем ќе колабира – неодамна предупреди првиот чивек на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов.

Во меѓувреме, здравствените работници, кои веќе се на работ на издржливост, се жалат за лошата состојба и недостигот на кадар.

“Тешка е состојбата многу.  Екипите работат на терен ја менуваат опремата за лична заштита за секоја интервенција било да е ковид или не.Тешко навистина е тешко.” – вели Пиловска.

Во меѓувреме епидемиолозите гласно алармираат дека сега не треба да се отворат училиштата и градинките. Тие предупредуваат дека со доаѓањето на есента ќе настапи периодот на настинки и на сезонскиот грип и тогаш Македонија ќе се соочи со три вируса кои наликуваат еден на друг, и тоа дополнително ќе ја влоши епидемиолошката слика во држвата.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста