Проблеми за Интер: Три меча без Шкрињар, еден без Конте

Вкупно три натпревари суспензија доби дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар, а еден меч тренерот Антонио Конте по вчерашното реми со Сасуоло. Шкрињар заработи црвен картон во судиското продолжение, а острата реакција му донесе дополнителни два меча отсуство, како и парична казна од 10 илјади евра. Тренерот Конте имаше пет официјални предупредувања, при што Комисијата за дисциплина одлучи да го суспендира за наредниот меч на Интер против Парма.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста