Проблеми со тестирање на Ковид – 19 во Охрид

Охриѓанка која што е позната на нашата редакција, но сакаше да остане анонимна раскажува како од странство дошла во родната земја, да ја посети болната мајка,но сега не може да се врати назад без да ПЦР тест. Деновите до нејзиното заминување се ситнат,но таа не знае кој крај да го фати.Во Охридскиот Центар за јавно здравје каде заклучно со 31.12.2020-та се правеа приватни ПЦР тестови за Ковид 19, сега повеќе не издаваат сертификати. Од Центарот за јавно здравје ја упатиле да оди во Скопје, Битола, или Тетово.Тоа вели за мене претствува голем терет но и ризик, бидејќи и јас сум со нарушено здравје.Меѓудругото, во сред пандемија патувам од здравствени причини, а не од бес -вели нашата соговорничка.

Здравствен терет ми преставува, да здравствен терет,морам да кажам јас сум дијализа пациент и треба да го синхронизирам времето на патување.Патувам во странство и треба последната дијализа овде да ја правам и следната во странство.Значи губам време, губам живци,губам здравје.И сега што ќе направите ? Не, знам, не знам што да правам.Единствено ми останува Скопје и таму цел ден да чекам за да го дибијам тестот.Кај да одам а да нема луѓе и да се заштитам како ризичен пациент – вели пациент.

Со истиот проблем периодов се соочуваат голем број лица од Охрид,Струга, Дебар,кои патуваат поради фамилијарни, здравствени причини,или имаат потреба од итен здравствен третман,инвалиди или ранливи лица.Потоа виско квалификувани работници кои печалат во странаство како и студенти. Во безлез, тие најчесто се обраќаат кај матичните лекари.

Ние матичните лекари не знаеме каде да ги упатиме луѓето што патуваат во странство.Информацијата што ја  добивме од Центарот за јавно здравје е дека тие не можат да направат ПЦР тестови и дека тоа треба да го направат во Скопје. Изминатиов период голем беше бројот на луѓе,станува збор за наши иселеници во странство кои овде беа за празниците.Се соочија со проблем на добивање на сертификат за направен ПЦР тест.Луѓето лутаат и самите се снаоѓааат – вели др Хаџер Алиед.

За ова, побараваме став и од охридскиот Центар за јавно здравје.

 КАЈРОН Центар за јавно здравје-Охрид:Центарот за јавно здравје Охрид е во процедура на изнаоѓање начин за вршење на услуги односно, приватни тестирања со ПЦР тестови согласно законските прописи.За истото ќе бидете дополнително информирани “- и толку,нема образложение зошто претходно, се до крајот на ланската година се вршеле приватни тестирања на Ковид 19 и која е причината што оваа услуга повеќе не можат да добијат во нивната установа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста