Проблеми на Ќафасан по отворањето на границата со Албанија
Со повторното отворање на границите без приложување на ПЦР тест, се зголемува ризикот од ширење на коронавирусот во Македонија. Само што се дигнала рампата на граничниот премин Ќафасан, бил регистриран обид на лице заразено со Ковид-19 да влезе во нашата држава.
Од полициската станица за гранични проверки предочија дека таква појава имало и пред да се затворат границите. Неретко пробувале да им подметнат лажни потврди за направен коронатест,само да ја поминат границата. Од како се појави заразата и кај нас, службените лица имале директен контакт и со инфицирани лица.
„Имавме ние информација добиено дека неговиот родител го пријавил во амбасадата во Рим дека е позитивен и дека го напуштил самоволно неговиот дом.Кога дојде лицето овдека,ние поспапивме по насоките кои ни беа дадени. Имавме случаи женска особа беше која немаше тест, ја упативме во државен карантин од таму повратно добивме дека е позитивна“ – вели Златко Крушароски, командир на П.С. за гранични проверки Ќафасан.
Инаку денеска на Ќафасан беше раздвижено. Од пограничните албански градови најчесто одат во Струга за да пазаруваат, а имаше и такви на кои маката ги тера да доаѓаат.Не изостануваа нити оние на кои им е до прошетки,па семејно се рашетуваат и по 4 ,5 луѓе во еден автомобил.
„Одам во Струга, на лекар и да купам лекови. Не се плашам, се заштитувам, носам маска, инаку сум од Корча“
„Има 4-5 месеци како не сме биле во Струга. За за пазарење одиме. Поевтини се цените? Поевтино е, се е поефтино од таму“
„Одам во Струга на еден ден, убаво ми е во Струга и во Охрид. Внимателен сум што се однесува на коронавирусот“
Имаше зголемен проток и на патници кои од земјава излегуваа кон Албанија, добар дел од нив се странци.
„Ние сме од Украина одиме на одмор во Саранда, Албанија. Не се плашиме воопшто од короната“
„И ние сме од Украина, заедно одиме на одмор со пријателите, но во различни автомобили“
„Во Охрид бев, на болница иначе сум од Албанија“
„Такси возите или приватно одите? Такси возам. И како оди работата,слабо? Никако не слабо, слабо е ако има нешто, ама никако. Само студенти носите? Само студенти друго ништо, се е мртво“
Како што информираат службите на преминот, од отворањето, секојдневно се зголемува фреквенцијата на Ќафасан. Изминативе 5 дена границата ја минале околу 15.000 возила. Исто така има и голем број на странски државјани на кои поради неисполнување на услови,им бил забранет влез во земјава.
Росица Голабоска