Проблем за ИОК, јапонските компании бараат оркажување на Олимпијадата во Токио 2021

Нови маки за челниците на ИОК откако повеќето јапонски компании, во интернет анкетата на кој учествуваа  околу 13.000 испитаници, се против идејата одржување на Летните олимписки  и Параолимписки Игри следната година во Токио. Поради пандемијата со Ковид -19 Олимпјадата која требаше да се одржи овој месец беше поместена за догодина, но по најновото истражување можно е игрите повторно да бидат одложени. Јапонија според официјалните извештаи инвестирала 12,6 милијарди евра, но се шпекулира дека се потрошени двојно повеќе пари. И оваа земја се бори со нови случаи и ширење на коронавирусот, а досега починале околу 1.100 луѓе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста