Проблем со капиталните инвестиции – власта се правда, резултатите поразителни

Власта повеќе зборува, отколку што работи на придвижување на капиталните инвестиции кои лани го допреа дното. Министерот за транспорт и врски сепак натаму уверува дека во Македонија имало градежна експанзија. Се ревитализирале птишта, се планирале големи проекти. Сепак, резултати за 2020 покажуваат дека за 10 месеци биле реализирани само 150 милиони евра или едвај 48% од планираното за цела година и со два ребаланса на буџет. Бочварски сепак тврди дека се работи, а за несработеното го вперува прстот кон претходната власт.

Повеќе километри патишта се реконструирани за три години отколку за 11 години на поранешната Влада, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Тетово.

  • Минатата година имаме рехабилитирано 243 километри од патната мрежа во државата, а само како една паралела, во изминатите 11 години кога на власт беше една друга политичка гарнитура, беа реализирани 550 километри. За една година имаме реализирано само 243 километри, така што разликата е огромна, но можам да кажам дека ќе продолжиме уште посилно и во време на пандемија, рече Бочварски.

Тој посочи дека во изминатите три години инвестирани се околу една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура.

Колку што се работи во последниве три години, не се градело никогаш во Македонија. Една милијарда евра имаме во рехабилитација на патиштата. Во земјава изминатите години, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, имаше заглавени проекти, но затоа сега ние ги решивме, рече Бочварски.   

Бочварски вели едно, но состојбата на терен кажува друго. Доцнење има  кај речиси сите проетки. Авртопатот Кичево Охрид е далеку од реализација,. Пругата кон Бугарија е заглавена во постапките за тендери и проекти, на стернд бај е и автопатот до Блаце. Бочварски сепак најавува дека ќе има и други проекти. Најновиот е автопат од Гостивар до Тетово. За него допрва ќе се правеле подготовки. Годинава се очекува да бидат завршени и пуштени во употреба 20-ина километри од автопатот Кичево-Охрид. За овој градежен проект биле потрошени околу 350 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста