Приземјени авиони, хеликоптери кои не летаат ноќе – власта потфрли, но никој не чуствува одговорност
Државата гори, но директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов не планира да си поднесе оставка сега, оти како што вели направил и повеќе од што треба за да се справат со пожарите во источна Македонија. Иако пожарите беснееа над селата и градовите, луѓето се преплашени, хелихоптери немаше вечерта ги гаснат огнените јазици, сепак Ангелов рече дека е горд како се справил со ситуацијата.
Прво да ги изгасиме пожарите. Републиката е во пламен. Прво да ги локализираме, и нека се олади се, па ќе направиме анализа. Јас мислам дека е најважно што спасивме човечки животи. Ако има одговорност кај мене, јас ќе си дадам оставка и ќе си одам од земајва. Ама ако нема, тогаш барам извинување од сите кои ме напаѓаа во последните денови дека ЦУК ништо не превземал“, рече Ангелов.
Вели опремата која ја има Македонија за справување со пожари е скормна, но вината не ја побара во себе, туку вели дека тоа било така децении наназад, дури и даваше примери дека Америка горела секое лето, Канада исто така имала пожари, дури и Турција, па иако тоа се богати земји сепак тешко се справувале со пожарите. Зошто не летале цело време хелихоптерите кои им биле на располагање, Ангелов вели дека морале да направат паузи и дека не можеле да летаат на температури на над 37 степени.
Хеликоптерот околу пладне направи пауза, и цела јавност треба да знае дека небезбедно е да лета хеликоптер на 37 степени. Па зарем треба да се ризикуваат животите на пилотите? Се нека изгори, нека бидат живи и здрави луѓето. Дрвјата пак ќе се вратат, а загубените човечки животи, не. Пред неколку дена хеликоптерот прегреа и беше ризик за животите на посадата, мораше леталото да се крене на висина за да се излади. Хеликоптерот кога требаше да замине од Куманово за Кочани немаше гориво. Горд сум бидејќи ние како држава и ЦУК спасивме вчера човечки животи. Луѓе вчера можеа да умрат”, вели Ангелов.
Хеликоптерите не можат да летаат долго на високи температури, но не можат да летаат и навечер зошто не се гледало, се наметнува прашањето кога можат да летаат и да гасат пожари? Додека вчера Кочани гореше шефот на државата Пендаровски кажа дека хелокоптерите немаше техничка можност да летаат навечер, денеска прашавме во АРМ зошто тоа не е возможно.
Технологијата (апаратите) кои ја користат армиските хеликоптери при ноќно летање поради рапидното зголемување на изворот на светлината односно од пожарот и со самото тоа екстремно ја нарушува безбедниста и оневозможува гасење пожари во ноќно услови. Токму затоа секаде воздухопловите можат да се употребуваат само додека е видно, односно во ден, велат од АРМ за Алфа.
А додека Македонија се мачи со пожари, канадерите со кои располагаме стојат на паркинг. Трите „ер трактори“ повеќе од две години не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани. Дури и денес да се сервисираат, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена, односно во октомври.
Засега во Македонија нема да биде прогласена кризна состојба на критичните подрачја.