„Привремената” депонија Вардариште, и понатаму се полни со смет

По низа реакции на жителите од скопско Маџари, состојбата на Вардариште е непроменета, камиони полни смет и понатаму пристигнуваат.  Иако од ЈП Комунална хигиена  уште во средата  ги смируваа граѓаните дека истиот ден локациите ќе бидат целосно расчистени, и дека тие само служат за привремено да се депонираат, денес повторно пристигнуваше нов комунален отпад.

Поради временскиот лимит на отпадот и неможноста истиот да се депонира во Дрисла, привмено се складираше во претоварните станици во Вардариште и во Карпош, а овие  локации од денес целосно се расчистуваат – известија на 15 април од Град Скопје.

Зошто и покрај се не се расчистува дивата депонија, останува нејасно. Повторно стигнуваат и до 20 камиони со ѓубре, а во исто време дел од сметот се транспортира, но никој не знае каде.

Секојдневно доаѓаат дури до 20 мали камиони со смет, а дел од ѓубрето го транспортираат но не знаеме каде, вели Крсто Илиев, жител на скопско Маџари.

Граѓаните се вознемирени бидејќи никој не го слуша нивниот глас и тие понатаму се гушат во смрдеа и нечист воздух. После првиот викенд карантин од 61 час се транспортираа околу 1000 тони отпад, па се поставува прашањето, каква ќе биде сликата на Вардариште после 85 часовната изолација која го опфаќа големиот христијански празник Велигден.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста