Приведено лицето кое ги запали возила на ЕВН во Тетово

На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од  00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски  регистарски ознаки.  Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.