Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста