Приведени премиерот на Федерација БиХ и уште две лица поради аферата респиратори

Премиерот на Федерацја БиХ, Фадил Новалиќ, директорот на управа за Цивилна заштита Фахрудин Солак, и сопственик на фирмата “Сребрена малина” се приведени поради аферата респиратори.

Спорните респиратори се набавени од Кина за 5,3 милиони евра, но се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина“ можела да увезе респиратори, кога е регистрирана како фирма за преработка и одгледување на овошје и зеленчук.

Фирмата бизнисот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста